Аргентинскиот стручњак Маурицио Почетино ќе го преземе кормилото на Пари Сент Жермен, пренесува новинарот на Скај Спорт, Фабрицио Романо.
48-годишниот стратег ќе го замени Томас Тухел, кој е разрешен од тренерската функција. За предвремено раскинување на договорот, Германецот ќе добие шест милиони евра.
За потсетување, Почетино го напушти Тотенхем во ноември 2019 година. Заедно со тимот од Лондон, тој се пласираше во финалето во Лигата на шампионите 2018/19, каде загуби од Ливерпул (0:2).
ПСЖ е трет во поредокот на францускиот шампионат. Во Лигата на Шампионите, парижаните како први во групата се пласираа во осминафиналето, каде ќе играат против Барселона.
OhridNews