29-то издание на меѓународниот атлетски маратон во Охрид ќе биде збогатено со посетата на првиот човек на Европската атлеската асоцијација (ЕАА), Свен Арне Хансен и претседателот на Балканската федерација, Добромир Карамаринов.
Почесните гости на маратонот во Охрид ќе ја имаат честа да го означат почетокот на трката кој е закажан во 9 часот на 8 септември.
До сега за 29-то издание на меѓународниот атлетски маратон во Охрид се пријавени 6-тина атлетичари, а до понеделник се очекува да достигне до 100 учесници.
Организаторите го утврдија и наградниот фонд на трката која е долга 30 километри и е една од најтешките на Балканот.
Ohridnews