Американскиот актер Ричард Гир е добитник на почесната награда „Марко Аурелио“ за животно дело на меѓународниот филмски фестивал во Рим. Признанието му се доделило за целокупната актерска кариера во која соработувал со некои од најголемите светски режисери, како Роберт Алтман, Акиро Куросава и Сидни Ламет.


Ѕвездата на филмските хитови „Офицер и џентлмен“, „Американски жиголо“, „Згодна жена“ и многу други, наградата ќе ја прими на фестивалот, чие шесто издание ќе се одржи во Рим од 27 октомври до 4 ноември. На фестивалот ќе биде прикажана реставрирана верзија на филмот „Деновите на рајот“ на Теренс Малик од 1978 година, во кој Гир ја игра главната улога.