Со Оскар наградениот актер и режисер Бен Афлек следниот месец ќе прими почесен докторат од Универзитетот Браун во дражавата Роуд Ајленд. Универзитетот соопштил дека Афлек ќе прими докторат од областа на убави уметности на 26 мај и дека тој е едно од шесте лица избрани да им биде врачено тоа признание меѓу кои има писатели, научници и професори.
Афлек, кој бил роден во Масачусец, го режирал, бил продуцен и ја имал главната улога во филмот „Арго“ за кој освоил Оскар во категоријата за најдобар филм.