Неколку деца и еден полицаец се повредени кога од една фарма во Германија побегнала крва и дивеела низ градот. Кравата тешка 700 килограми се залетала во една група деца и ги расфрлала низ воздухот.
Подоцна се залетала и во еден полицаец кој се нашол на патот и исто така го кренала во воздух. Полицаецот поминал со полесни повреди, а кравата била превезена назад на фармата откако била совладана со две инјекции седатив.