Научниците откриле дека луѓето чија коса ќе побели развиваат „голем епидермален оксидативен стрес“ поради акумулација на хидроген пероксид во фоликулата на влакното, поради што косата самата себеси се побелува однатре кон надвор.

Тимот научници од School of Life Sciences при универзитетот во Брадфорд тврдат дека собирањето на хидроген пероксидот може да се излекува со UVB со активиран коктел на PC-KUS, односно модифицирана псевдокатализа.

Таа постапка може да се користи и за лекување на витилиго, кожна болест којашто се карактеризира со губење на пигментот, тврдат научниците пишува во понеделникот британскиот весник The Telegraph, пренесува „Макфакс“.

„Ова е првпат да имаме постапка против побелената коса коишто оди во самата с’рж на проблемот“, вели професорката Карин Шалројтер. А она што целата работа ја прави уште поинтересна, додава професорката, е фактот дека таа постапка е ефикасна и кај витилигото.

Откритието на она што предизвикува косата да побелува/посивува коешто е објавено во списанието FASEB (Федерацијата на американските здруженија за експериментална билогија), всушност е резултат на истражувањата вршено во врска со витилигото.

За потребите на студијата истражувачкиот тим анализирал случаи од меѓународната група од 2.411 пациенти со витилиго. Пациентите биле третирани со лекот познат како псевдокатализатор активиран преку сончева светлина. Научници забележале дека пигментот притоа се повратил кај кожата и кај трепките.

Џералд Вејсман, главниот уредник на FASEB потврдувајќи дека примарна цел на истражувањето било витилигото кое може да предизвика големи социјални проблеми кај пациентите, вели дека истиот третман може да се развива за овозможување „репигментација“ на прерано побелената коса. „Со генерации, беа правени многу лекови за да се сокрие седата коса, но сега првпат е развиен вистински третман кој започнува од основата на проблемот“, вели Вејсман.

OhridNews
извор:„Макфакс“