Нилскиот коњ Зоро, кој пред повеќе од една година побегнал од своето живеалиште во Кејптаун, Јужна Африка, конечно бил уловен. Зоро од резерватот Рондевлеи бил избркан од таткото Брут, а прогоненикот по кратко лутање се насели во водите на станицата за пречистување кај Кејптаун.
Пред извесен период била украдена електричната ограда која била поставена околу станицата, па Зоро ја искористил шансата да побегне. Експертите подоцна ја заградиле територијата на која живеел Зоро, па животното останало заробено. Подоцна бил префрлен во своето ново живеалиште.