Две слоници, Дуниа, стара 40 години и тешка 5225 килограми и нејзината цимерка Даела, која има 25 години, побегнале во неделата ноќта од циркусот во градот Гарбсен во близнина на Хановер. Бегале педесеттина метри и стигнале до автобуската постојка во близина на циркусот.


Шокираните возачи веднаш повикале полиција. Полицајците набрзо простигнале и ги спречиле слониците да продолжат да бегаат. Животните биле доста „кооперативни“ и не и правеле никакви проблеми на полицијата. Наскоро се појавил и вработениот во циркусот задолжен за нив и ги вратил назад во циркусот.