Двајца Полјаци стари 30 и 37 години го пробиле ѕидот на својата келија во Нирнберг, Германија, се качиле на покривот од затворот и се спуштиле на слобода со помош на решетките кои биле споени една со друга. Полицијата наскоро го фатила постариот криминалец, а помладиот успеал да им помогне.


Зградата била доста висока, односно 15 метри. Доколку паднеле лесно можело да се случи да погинат, изјавил портпаролот на затворот во Нирнберг. Од затворот не известуваат за кое дело служеле казна.