Двајца аргентински затвореници веќе една седмица успешно ја одбегнуваат полициската потера откако побегнале од затвор маскирани во овци. Максимилијано Переира и Ајрел Диаз, кои служеле повеќегодишна затворска казна поради грабеж, се маскирале во овци по бегството од една од најдобро чуваните институции во Аргентина. Со приближувањето на полицијата, тие на себе ставиле овчо руно, кое го украле од блиските фарми.
Така маскирани успеале да ја измамат потерата која ја сочинувале повеќе од 300 полицајци. Локалната полиција се почувствувала неудобно кога жителите на таа област ги виделе двајцата затвореници како бегаат низ полето. Од полицијата се правдале дека било невозможно да ги забележат меѓи илјадниците овци кои се наоѓале во полето.