Една германска тинејџерка побегнала од казнено поправен дом во близина на Хановер криејќи се во куферот на својата пријателка, соопштила полицијата.
19-годишната девојка се сокрила во во големиот куфер на својата 17-годишна другарка која во петокот била ослободена од казнено-поправниот дом за малолетници во Нојштат, во северозападна Германија, изјавил портпаролот на министерството од Долна Саксонија Денис Вајлман.
„Нашиот персонал ќе се погрижи во иднина сите куфери да бидат темелно прегледани“, додал Вајлман.
Ј.М.