Една жена побегнала од затворот во Бреда, на југот од Холандија, низ тунел кој самата го ископала со лажица, соопштиле извори блиски на холандското правосудство. Затвореничката, жена од 35 години, чие име не било соопштено, го напуштила затворот во саботата навечер, така што поминала низ тунелот кој ги поврзувал внатрешниот и надворешниот дел на затворот.


Неименуван портпарол на холандското правосудство изјавил дека тунелот бил долг околу два метри. Не соопштиле каква казна и за што служела жената. Таа сеуште е во бегство.