Сара (30) и Андреа (34) се регистрирале во матичната канцеларија во Трст пред триесеттина гости. Се венчале после само десеттина месеци врска. Невестата рекла дека после службената церемонија сака да се преслече за славењето. Еден пријател на сопругот, со кого играл фудбал неколку месеци, требало да ја одвезе до куќата.


Андреа за тоа време бил во ресторанот со гостите. Меѓутоа сопругата и пријателот повеќе не се појавиле. Сара конечно се јавила на мобилен час и половина подоцна и му рекла на сопругот дека погрешила што се омажила за него. Изјавила дека срцето ја води на друга страна. Сара со пријателот отпатувала за Грција. Андреа ќе ја тужи за надокнада на материјална и морална штета.