Млад седумнаесетмесечен тигар скокнал од приколката од камионот додека неговата сопственичка го носела на редовен ветеринарен преглед во близина на Јоханесбург. Роса Фернандез за локалната радио станица изјавила дека нема поим како 140 килограми тешкото животно, успеало да ја отклучи оградата од приколката и да се ослободи.


Додава дека Панџо (тигарот) е навикнат на луѓе и дека спрема него, ако некој го сретне, треба да се однесува “како спрема куче“. Исто така било какво парче месо, особено најдрагото – пилешко, би требало да го направи среќен. Јужноафриканската полиција нема доверба во добрата нарав на таа голема мачка и ги повикала жителите на населбите кои се во близина да бидат внимателни.