Слоницата Сабу во неделата побегнала од циркусот во Цирих и се одлучила да прошета низ градот. Мајкл Вирц, портпаролот на полицијата, рекол дека полицајците повеќе од еден час се обидувале да ја вратат слоницата во циркусот.
За среќа никој не бил повреден, и немало причинета никаква материјална штета. Портпаролот на циркусот рекол дека слоницата, во текот на прошетката, се искапила во езерото во Цирих.