Бегство од затвор во Јапонија, прво после повеќе од 20 години, е главната вест во сите медиуми во таа земја. Ли Гуолин, кој бил осуден на 23 години затвор поради обид за убиство, побегнал за време на одморот во дворот на затворот во Хирошима. Тој ја соблекол затвореничката облека и по гаќи се качил на скеле, па потоа скокнал преку пет метри високата ограда.
За негова среќа тој при падот не се повредил и побегнал со брзи чекори. Според локалните медиуми, ова било прво бегство од затвор во Јапонија во изминативе повеќе од две децении.