Во вторникот побегнал нилскиот коњ од приватната зоолошка градина во црногорскиот туристички комплекс Плавница, близу Подгорица, а и покрај својата питомост многу ги шокирал жителите. Женката нилски коњ Никица побегнала од зоолошката која се наоѓа покрај Скадарското Езеро откако водата во нејзиното живеалиште многу надошла. Лесно испливала над оградата и се упатила кон градот, но за среќа стиганала само до предградијата.
Еден од селаните изјавил дека излегол да ја нахрани кравата, а кога го забележал нилскиот коњ помислил дека полудел. Сопственикот на зоолошката градина Драган Пејовиќ изјавил дека се присилени да почекаат да падне нивото на водата за да можат животното тешко 700 килограми да го вратат во своето живеалиште. Велат дека нема место за паника бидејќи Никица веќе девет години живее во зоолошката градина и е питомо и мирољубиво животно.