Португалскиот претставник Салвадор Собрал е победник на 62 издание на Евросонг, а песната „Амар Пелос Диос“ освои вкупно дури 758 бодови. Неговата животна приказна е навистина трогателна, јавуваат светските медиуми, пренесува „Макфакс“.

Собрал, кој беше седмопласиран во португалското шоу „Идол“ во 2009 година, од јавноста се обидувал да сокрие дека е многу болен, но сè беше откриено кога не успеа на време да стигне во Киев на пробите во пресрет на Евросонгот, бидејќи лекарите не му одобриле да патува.

Дваесет и седумгодишниот Португалец живеел во САД и Барселона, каде што посетувал музичко училиште. По „Идол“ се одлучил да се посвети на компонирањето и комбинирал различни стилови. Минатата година го објавил својот прв сингл „Excuse Me“, а истоимениот албум дојде до 10 место по продажба на албуми во Португалија.

OhridNews