Кошаркарите на Охрид ја забележаа 13-та победа во Втората лига откако со 91-81 го совладаа составот на Водњански Лисици во Скопје.


Домаќините мотивирано го започнаа мечот и му покажаа заби на лидерот во Втората лига. Таквата игра им донесе предност (20-18) по првите десет минути од натпреварот.

Охриѓани одговорија дрско на оваа игра од домаќините и со две долги серии го презедоа водството и на одмор заминаа со плус 15 (48-33).

Пулените на Петар Чочороски продолжија во ист ритам, и во третиот квартал стигнаа до највисоките 23 поени предност (76-43).

Охридските кошаркари во последниот период од десет минути се опуштија и им дозволија на домаќините да го ублажат поразот за конечни (91-81).

Најпрецизен во составот на Охрид беше Младеновиќ со 20 поени, Арсоски застана на 18, Јанески реализираше 16, а Бојоски и Донески постигнаа по 13 поени.

OhridNews