Охридските кошаркари во петтата рунда од Втората АБА лига ќе го пречекаат составот на Рогашка. Популарните „галеби“ пред своите гледачи ќе атакуваат на првата победа сезонава во второто регионално друштво.

– Победничкиот дух од мечевите во Првата лига треба да го префрлиме и во натпреварите во Втората АБА лига. Ние како и на секој натпревар ќе се надигруваме и ќе направиме се` да обезбедиме поволен резултат. – изјави Петар Чочороски.

„Меч винерот“ на дуелот со Пелистер во Битола, Рос Кенет најавува борба за секоја топка на теренот со новиот ривал во Втората АБА лига.

– Играјќи во Првата лига покажавме дека можеме и дека имаме карактер. Време е тоа да демонстираме и во АБА лигата која има доста квалитетни и интересни ривали. Сакаме да ја израдуваме нашата публика, која ние верна поддршка на сите мечеви. – потенцираше Американецот.

Натпреварот се игра во среда со почеток во 17 часот, вратите во „Билјанини Извори“ се отворени за сите љубители на спортот и кошарката.

OhridNews