Викендов што измина охридските спортисти забележаа значајни резултати, победи и во најдобро светло го промовираа Охрид.


Боксерот од клубот Охрид, Сашо Лескароски на турнирот  “златен гонг“ се закити се сребрен медал. Во финалето Лескароски претрпе пораз од Бугарскиот преставник, Милан Златев на поени 3-2.

Лескароски беше прогласен за најдобар македонски боксер во репрезентацијата. Во добро светло се покажаа и останатите двајца боскери Илчо Јоноски и Бојан Ристески, кои порази претрпеа во воведните борби.

Охридските кошаркари во дерби средбата од третата рунда на домашен успеаја да го совладаат тимот на Ангели. Охриѓани ја забележаа втората победа сезонава, во третиот натпревар. Со пет бодови “белите“се на делба на лидерската позиција во второлигашката табела со Ангели, Гоце Делчев и Карпош Соколи.


Ракометарите на Охрид 2011 брзо го заборавија поразот од Струга и на гостувањето во Гостивар, ја “смрзнаа“ Јехона на -11 (33-23). Ова беше петти триумф сезонава, на осмиот натпревар. Со 15 бодови избраниците на тренерот Горан Андоновски се во самиот врв на табелата.


Голеадат со седум погодоци на “Атина Бојаџи“ им припадна на “рибарите“. Охридскиот фудбалски состав прокнижи нови три бода победувајќи го тимот на Баби со 4-3. За “белите“ ова е четвртата победа сезонава и полека се оддалечува од зоната за испаѓање.


Женскиот фудбалски клуб “Билјанини Извори“ ита кон есенската титула. На последното гостување Билјанини Извори забележа победа над Топ Гол со 2-1 и го оствари седмиот триумф во седмиот натпревар сезонава.

Мх.П.