Во препознатлива атмосфера за езерските дерби пресметки, ракометарките на Лихнид со 21-19 (9-7) ја совладаа екипата на Стружанка во втората рунда од кадетската лига.


Со овој триумф избраничките на Јованоски-Смилеска стигнаа до втората победа сезонава и го заземаат првото место на табелата.

Со седум голови најпрецизна беше Петреска, Алексиоска запиша 4, по два пати прецизни беа Балоска, Блажеска, Ложанкоска и Маркоска, а по еднаш прецизно стрелаа Угриноска и Спространова.

Во следната трета рунда „китовите“ пред своите гледачи ќе го пречаат битолски Пелистер.

OhridNews