Македонската женска ракометна репрезентација со победа на Литванија 32-24 ги започна квалификациите за ЕП кое наредната година ќе се игра во Данска и Норвешка.

Избраничките на Јошко Петковиќ лежерно влегоа во натпреварот што резултираше со негатива по десет минути игра. Но тоа беше само почетна “трема“ по која подоцна заигравме далку поангажирано и на одмор се замина со предност од 17-10.

Се одеше како подмачкано во вториот дел во кој усепавме и да ја дуплираме нашата предност 24-12. Црвенковска и Горѓиевска постигнаа по 6 гола и беа најефикасни, Андреева беше одлична на голот со 15 одбрани. 

Во наредното второ коло в недела му гостуваме на Холандија во Ротердам.

М.П.