Ракометниот клуб Лихнид со триумф над втората екипата на Металург 18-12 (6-4) ја започна новата сезона во женската пионерска лига.
Силното темпо на „китовите“ им донесе предност уште на самиот старт од премиерниот натпревар пред охридската публика.
Водството од првиот дел (6-4) домаќинките го преточија во сигурна победа (18-12) на крајот од натпреварот со кој ги прокнижија првите бодови на табелата.
Најефикасна во охридскиот состав со шест погодоци беше Блажеска, пет реализираше Јолеска, три постигна Маркоска, а по еднаш мрежата ја погодија Балоска, Алексиоска, Крстаноска и Угриноска.
Мх.П.