Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска попладнево во Хамбург со 2-1 (1-1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство.
Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута.
Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во 83 минута.
Воведното коло во групата Д ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Франција и Австрија.
Во вториот меч попладнево Данска и Словенија одиграа без победник, ремизирајќи 1-1 во воведниот натпревар во групата Ц.
Данска, на дуелот во Штутгарт кој од трибините го следеа 60.449 гледачи, поведе во 17 минута со голот на Ериксен.
Словенија избегна стартен пораз во групната фаза со голот на Јанжа во 77 минута.
Првото коло во групата Ц ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу Англија и Србија.
OhridNews