Екипата на Вардар со убедлив триумф над Борац од Бања Лука 42-31 (20-15) ги започна мечевите во втората полусезона од регионалната ракометна СЕХА лига.
„Црвено црните“ на мечот со Борац покажаа квалитет и пред се карактер откако се соочија со големи проблем пред натпреварот. Македонските репрезентативци Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се суспендирани, Игор Карачиќ е повреден, а Блаженко Лацковиќ замина од Вардар.
Тимот во нападот до убедлив триумф го водеше триото Дибиров (7 голови), Циндриќ (6) и Лазаров додека во одбраната диригираше Милиќ бранејќи неколку пенали и зицер прилики на домаќинот.
Вардар е лидер во СЕХА лигата, но унгарскиот гигант Веспрем има три мечеви помалку од македонскиот првак.
OhridNews