Кошаркарите на АВ Охрид до 18 години забележаа лесна и убедлива победа во „езерското“ дерби победувајќи го Црн Дрим во Струга со убедливи 101-57 (21-12, 33-11, 27-17, 20-27).

Избраниците на Тони Стојаноски со триумфот во Струга стигнаа до третата победа во Кадетската лига и љубоморно го чуваат врвот на табелата.

Најпрецизен во составот на АВ Охрид беше Ангел Лазаревски со 43 поени, Наум Стојаноски реализираше 15, а двоцифрен учинок имаа уште Емин Далипоски и Дејан Димитриески.

Во следната рунда „галебите“ на домашен терен силите ќе ги одмерат со Мега Баскет од Прилеп.

OhridNews