Во натпревар со многу грешки нашите стигнаа до планирана два бода, кои им ја подотвараат вратата за влез во втората фаза.
На теренот македонските репрезентативки настапија без својот капитен Елена Георгиевска, која би требало да се врати на теренот за мечот со Хрватска во среда.
Селекторот Новко Ѓорѓиоски на прес конференцијата рече:
– Во првите 20 минути, моите девојки играа во грч, но како одминуваше времето се ослободувавме од притисокот. Задоволен сум, и без Елена одигравме добро , но она што посебно ме радува е тимскиот дух.
Наредниот натпревар Македонија го игра в Среда против Хрватска.