Слабата 44-годишна ,мајка на две деца Џулиет Ли победила многу дебели мажи на светскиот натпревар во јадење Тамали во Тексас. Имала само 48 килограми и била единствената жена пријавена на натпреварот. Ги победила мажите кои биле двојно потешки од неа.
Сепак на меѓунароната листа се наоѓа на осмото место во севкупните натпревари. Освоила 1500 американски долари. Второто место го освоил 24-годишниот американец Нејт Билер. Тамали е национално мексиканско јадење – тестенина полнета со месо.