Две победи на македонските кошаркарски интернационалци во шпанската АЦБ-лига.

Натурализираниот македонец Џеремаја Мејси со Реал Мадрид мораше да одигра две продолженија за да го совладаат Кахасол со 95-92.  Тој за 20 минути постигна само два поена (0/1 за 3п, 1/1 за 2п) заедно со два скока и три асистенции.

Полесен тренинг имаше Владо Илиевски со Тау Керамика во дуелот дома со Бруеса 95-69. Илиевски за 16 минути оствари седум поени (1/2 за 3п, 2/3 за 2п) и три асистенции.

По 21.одиграно коло, лидер е Тау Керамика со скор 20-1, додека Реал е трет со учинок 15-5.

ohridnews