Охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристески триумфираа во своите категории на меморијалниот турнир „Јордан Мијалков“, кој се одржа во Штип.
Лескароски и Ристески кои беа дел од македонската репрезентација забележаа победи со нокаут односно на поени.
Третиот охридски преставник во селекцијата Илчо Јоноски претрпе пораз во изедначена борба.
Со настапот на меморијалниот турнир во Штип охридските боксери ја завршија сезоната.
Мх.П.