На денешните пет натпревари од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига екипите кои важеа за фаворити освоија по три бода.
Академија Пандев, Брегалница и Шкендија и се доближија на второпласираната Ренова која вчера загуби на дербито со Шкупи.
Резултати:
Борец – Академија Пандев 1:2
Скопје – Тиквеш 2:1
Македонија ЃП – Струга 1:1
Пелистер – Брегалница 0:3
Шкендија – Работнички 2:0.
Вчера, Шкупи – Ренова 2:1.
Табела: Шкупи 26 бода, Ренова 21, Академија Пандев 21, Брегалница 19, Шкендија 17, Струга 15, Работнички 15, Скопје 15, Македонија ЃП 11, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4.
OhridNews