Екипите на Охрид, Пелистер и Металург со победи над Еурофарм Работник, Борец односно Вардар ги започнаа мечевите за титулата во ракометната Супер лига.
Охриѓани по два порази во регуларниот дел најдоа лек за „фармацевтите“ и славеа во „Билјанини Извори“ со 28-23, додека битолските „зелено бели“ на гостувањето во Велес го совладаа Борец со 33-29.
Во дербито на колото Металург во Автокоманда со 29-26 го победи Вардар кој немаше пораз три сезони во македонското првенство.
Следната рунда од плејофот ќе се одигра в четврток на 6 април.
Резултати: Охрид – Еурофарм Работник 28-23, Борец – Пелистер 29-33, Металург – Вардар 29-26
Табела: Охрид 2, Пелистер 2, Металург 2, Вардар 0, Борец 0, Еурофарм Работник 0.
OhridNews