Фудбалерите на Охрид Лихнидос забележаа победа над Детонит Плачковица 2:0, во заостанатиот натпревар од Втората лига, што се одигра вчера на СРЦ “Билјанини извори”.

Стрелци на головите за Охрид беа Мартин Нически и Александар Ѓорѓиески.

Во вториот заостанат меч, исто така вчера, Караорман на гости го совлада Кожуф 0:2.

Победите на Охрид и Караорман се добра увертира за Езерското дерби во недела на “Билјанини извори” од 14 часот.

Охрид и Караорман се израмнети на табелата. Двете екипи имаат по 10 бода и се на делба на 7 место.

Г.М.