Актуелниот европски шампион Милан со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите откако на отворањето на новата сезона на „Сан Сиро“ ја совлада Бенфика со 2:1. Вицешампионот Ливерпул со 10 играчи во второто полувреме одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Порто.

Најголем добитник по првите средби од А-Д форматот во Л.Ш. е Валенсија која на „Ауф Шалке“ арената го совлада биндеслигашот Шалке со 0:1. Во вториот шпанско-германски дуел на „Сантјаго Бернабеу“, во Мадрид, Реал го совлада Вердер со 2:1.

Лацио на нашиот Пандев ремизираше против Олимпијакос на гости 1:1, Олимпик го совлада Бешикташ со 2:0, а најголемото изненадување го направи Розенборг кој одигра 1:1 со Челзи во Лондон. Неочекувано лесно Шахтјор дома со 2:0 го совлада Селтик.

Вечерва на програмата се преостанатите средби од првото коло од Е, Ф, Г и Х групите  .

Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата каталонската Барселона уште во првото коло ке го има вистинскиот тест.На ноу Камп пристигнува незгодниот Лион,тимот кој 6 години по ред го освојува приматот во Франција.
Откако низ иглени уши се пробија во квалификацискоит двомеч со Црвена Звезда ,“полицајците“ од Глазгов повторно ке може да уживаат во топ класа фудбал.На гости им доаѓа бундес првакот Штудгарт.

Непријатни сеќавања им носат противниците на Рома во нејзината Ф група. Манчестер Јунајтед лани ги исфрли понижувајки ги 7-1, додека  последниот натпревар помеѓу Рома и Динамо Киев на Олимпико беше завршен предвреме кога беше нападнат шведскиот арбитар Андреас Фриск.Фудбалрите на Манчестер јунајтед Кристијано Роналдо и Нани  се враќаат на местото каде ги направија првите фудбалски чекори во Лисабон против Спортинг

Италијанскиот шампион Интер е фаворит во Е групата,“нероазурите“ неможе да се пофалат со  поголем успех во натпреварувањето во Лигата на Шампиони,во првото коло ке гостуваат во Турција против фенербахче,ке имаат еден стар познаник во редовите на турскиот лигаш во името на Роберто Карлос .ПСВ во Ајдховен ке игра против ЦСКА Москва

Во Х групата на стартот ке се сретнат фаворитите Арсенал и Севиља.евроавантурата топџиите ке ја започнат на Емиратес против освојувачот на уефа купот во последните две години.Во источно европското дерби 100-от тим кој ке настапува во Лигата на Шампиони Славија ке игра против Стеауа.

 Сите средби започнуваат во 20:45ч.

Г.М.