Лесни и убедливи победи на фавортите во А групата на првиот ден од ЕП во Охрид.

Португалија ја совалада Австрија со 71-46, а Ана Родригез беше најдоборото име кое со 15 поени ги одведе португалките до победата против австријките во кои ниту една кошаркарка не успеаа да постигне двоцифрен број на поени.

Босенаки со 18 поени беше најпрецизна во победата на Грција над Велика Британија со 71-59.

Во најнеизвесниот натпревар во оваа група Белгија со 74-68 ја победи Унгарија. На поените на унгарките Кривачевиќ (26 п.) и Бозоки (22 п.) белгијките одговорија со колективна игра во која дури четири кошаркарки постгинаа двоцифрен број на поени.

Табела: Португалија 2, Грција 2, Белгија 2, Унгарија 1, В. Британија 1 и Австрија 1.

Второ коло:
12:00 В. Британија – Унгарија
14.15 Австрија – Грција
16.30 Белгија – Португалија

ohridnews