Ракометарите на Климент Охридски стигнаа до втората победа сезонава совладувајки го Партизан од Кичево со 33-19 (17-5).
Натпреварот помина во апсолутна доминација на охриѓани кои беа далеку подобар противник од фенерџијата во првата лига запад .
Темна дамка на натпреварот остави повредата на тренер-играчот кај гостите Војне Савески кој во 40 мин незгодно падна и ја повреди клучната коска.
По интревенцијата на домашниот доктор веднаш беше префрлен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ на дополнителни испитувања.