Охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристески обезбедија пласман во финалето на 44-то издание на престижниот боксерски турнир Златен гонг.


Во полуфиналната средба Лескароски со нокаут во првата рунда го совлада романскиот преставник Марин Дума.

Ристески за пласман во финалето обезбеди победувајќи го преставникот од Косово со чисти 3-0 на поени.

Среќата во ждребката беше наклонета кон Илчо Јоноски и се пласираше директно во финалето.

Мх.П.