Денес, во рамки на кампот, во центарот на Струга, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи мултимедијален настан – концерт на кој ќе бидат презентирани резултатите и производите од активностите на летниот капм. На настанот е предвидено да се обрати и Градоначалникот на општина Струга, како и Директорот на Информативната канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Ѓорѓи Јовановски.
Летниот камп е во организација на Невладината организација- Центар за менаџмент на конфликти, под покровителство на Советот на Европа, а е подржан од Форум ЗФД.