Тесниот триумф со голем број на погодоци на гостувањето кај Кристијанштад (32-30) на „вардарци“ им донесе значајни два бодови на табелата и индивидуални признија во изборот на најдобрите голови, одбрани и ракометари од страна на ЕХФ.

„Црвено црните“ свој преставник во изборот на најдобрите голови имат во Тимур Дибиров кој го зазема петтото место, круцијалната одбрана на Калиф Гедбан се најде на втората позиција, додека за најдобриот ракометар на Вардар во мечот Кристијанштад, Даинис Кристопанс имаше место во тимот на колото.

Видео прилозите од најдобрите голови, одбрани и идеалниот тим можете да ги погледнете тука.

Идеален тим:

Лево крило: Иван Никчевиќ (Спортинг)

Лев бек: Баруш Пукоски (Мотор Запорожје)

Среден бек: Себастијан Скубе (Силкерборг)

Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)

Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)

Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар)

Голман: Ричард Пакелин (Кристијанштад)

OhridNews

ЛШ: Вардар со пресврт го совлада Кристијанштад