Синџирот обложувалници „Бетфер“ бил принуден да исплати 32 милиона австралиски долари за сензационалната победа на анонимниот Хрват Антонио Веиќ над Аргентинецот Гилермо Кањас на турнирот во Загреб.
Коефициентот за триумф на Веиќ беше 7 и падна на само 1,1, откако на тип 2 беше забележана сомнителна уплата на големи пари. На крајот Кањас се жалел на болки во рамото додека хрватот стигна до “најголемата“ победа во кариерата.
Од одделот за односи со јавноста на „Бетфер“ првично најавија истрага и одбија да исплаќаат добивка, но потоа сепак се предомислија и одлучија да ја исплатат астрономска сума.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com