Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи на вчерашната трка за Големата награда на Мексико Сити со што изедначи достигнување во Формула 1 старо 43 години.

Имено во таа 1981 година имаше дури шест различни победници во рките од тогашниот шампионат: Нелсон Пеке – 3, Алан Прост – 3, Карлос Ројтeман – 2, Жил Вилнев – 2, Жак Лафит – 2) и Алан Џонс – 2. Шампион таа сезона стана Пике, со еден бод повеќе од Ројтеман.

Сајнц со победата во Мексико стана шестиот возач кој победил оваа сезона. Највисоко на пиедесталот во тековниот шампионат стоеја уште  возачот на Ред Бул, Макс Верстапен – 7, тимските колеги од Мекларен, Ландо Норис – 3 и Оскар Пијастри -2, пилотот на Ферари, Шарл Леклер – 2 и возачите на Мерцесес Луис Хамилтон – 2 и Џорџ Расел – 1.

До крајот на сезоната во Ф1 остануваат уште 4 трки.

Г.М.