Виенските „зелено бели“ пред 21 180 гледачи со 3-2 ја совладаа екипата на Генк во премиерниот натпревар од Лигата на Европа кој го одиграа на новиот Алијанц стадион.
Белгијците добро го започнаа натпреварот и поведоа со 1-0 со голот во 29-та минута на Леон Бејли. Тој резултат беше активен до 51-та минута кога капитенот на Рапид, Стефан Шваб ги изедначи бројките на семафорот.
Осум минути подоцна домаќините го свртеа резултатот со голот на Џоелинтон, а шеесет секунди им беа потребни да постигнат нов погодок за дуплирање на водството (3-1).
До крајот на мечот со вториот погодок Леон Бејли го ублажи поразот на својот тим и ги постави конечните 3-2 на натпреварот.
Фотогалерија:
Мх.П./М.П.