Ракометарите на Радовиш со триумф во дербито со Прилеп 29-28(16-12) се доближија до пласман во плејофот во Супер лигата.


Домаќините имаа водство во текот на целиот натпревар, а гостите од Прилеп во финишот успеаја да се доближат, но не и да се спасат од пораз.

Исходот од дерби средбата не им оди во прилог на охридските ракометари кои се незавидна ситуација на табелата.

Покрај четирите победи во исто толку натпревари на охриѓани им треба и ривалите да не победуваат, а Радовиш веќе го направи тоа.

Сепак, таргет на „гладијаторите“ е втората екипа на Металург, која остана без ракометари откако заминаа во првиот состав.

„Сините“ пролетната полусезона ја почнуваат в понеделник во Скопје против Тинекс Пролет.

Мх.П.