Охридските ракометари совладувајќи го Металург 2 во „Билјанин Извори“ стигнаа до деветтата победа во Супер лигата, но вкусот е многу поразличен од останатите осум кои ги прославија со „Рибарите“.


Навивачката група „Рибари“ минатиот меч со Работнички го напушти пред последниот судиски свиреж поради незадоволството од однесувањето на службите за безбедност.

„Рибарите“ иако не беа на местото на трибините со две пароли истакнаа дека никогаш нема да го остават ракометниот клуб Охрид покрај неправдите кои го доживуваат на трибините.


По завршувањето на мечот „гладијаторите“ испратија аплаузи до „Рибарите“ и победата им ја посветија на осмиот играч сезонава без кој незамислив е тимот на Охрид.

Нови три за „гладијаторите“ во Супер лигата

Мх.П.