Тешката победа на Милан над Киево со 1-0 изовјувана во судиското надополнување, падна во сенка откако беше јасно дека Леонардо поради повреда на подолго време ќе го загуби Дејвид Бекам.
Англичанецот на две минути пред крајот ja скина ахиловата тетива, што значи дека надвор од терените ќе биде подолго време, а под знак прашалник е неговото учество на СП во Јуѓна Африка.
– Повредата ни го уништи
славјето. Бекам сфати дека е нешто сериозно уште на теренот. Тоа е огромен удар како за него така и за нас.
– рече бразилецот Леонардо.
Во кариерата Бекам има одиграно вкупно 633
натпревари на клупско ниво и има постигнато 116 голови. Тој е играчот
со најмногу средби во националниот тим на Англија – 115: Единствено
голманот Питер Шилтон има повеќе натпревари за „Гордиот Албион“ од него
(125).
Денеска тој патува за Финска каде ќе му биде извршена операција, по која ќе се знае должината на неговото отсутво од фудбалските терени.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com