Македонската ракометна репрезентација со победа над Чиле 30-27 (13-13) ги заврши квалификациите за Олимписки игри во Рио де Жанеиро.
Триумфот над Чиле е мала утеха за македонските репрезентавци, но пак е победничко збогум за Наумче Мојсовски кој се прости од националниот дрес.
Мојсовски на мечот со Чиле ја носеше и капитенската лента која му ја предаде Кирил Лазаров.
Македонија не успеа да обезбеди пласман на Олимписките игри во Рио откако претрпе пораз од Полска и Тунис на стартот од квалификациите.
Фото: Gol.mk
OhridNews