Македонските репрезентативци имаат повеќе причини за триумф во соседското дерби со Србија. На 16-ти октомври пред пет години Македонија го загуби најголемиот навивач Тоше Проески кој почина во собраќајна несреќа.
Покрај тоа репрезентативците им останаа должни на оние 33 илјади грла кои ечеа на мечот со Хрватска, а на крајот за жал заминаа со наведнати глави.
Уште една и главна причина. Ако македонските репрезентативци не победат на мечот со Србија, тука некаде ќе завршат надежите за нешто поголем пласман на Македонија од вообичаенето петто место.
Победа за Тоше, за “македонската фаланга“, за МАКЕДОНИЈА !