Охридските кошаркарски надежи забележаа победа без примен кош над своите врсници од Кичево совладувајќи ги со 62-00.
Гледачите кои имаа можност да го проследат дуелот ваквиот епилог од крајот на натпреварот го прифатија со шок и неверување поради резултатот и инфериорноста на гостите.
Тоа што го направија Колибрите во „Билјанини Извори“ против Кичево слободно може да конкурира за рубриката „верувале или не“ бидејќи во кошарка речиси е невозможно да се победи без примен кош.
Мх.П.