Охридскиот подмладок стартуваше со победа на мини турнејата во Холандија. Првиот натпревар “белите“ го одиграа против второлигашот Ирене од Тегелен.


Кадетите славеа со 5-1, додека чисти 5-0 за охридските младинци, и двата натпревари се одиграле во прекрасни услови во вечерен термин под рефлектори.  – Условите овде се фантастични, сето тоа придонесе децата да одиграат два феноменални натпревари – рапортираше од Холандија, тренерот на младинците Борче Џајкоски.

Наредниот противник за охриѓани ќе биде нивниот домаќин клубот Венло.

OhridNews